Вечерва Куманово е најзагаден град- дури 7 пати повеќе од дозволеното

И вечерва мерните станици за квалитет на воздухот покажуваат висока загаденост. Имено, вечерва најзагадена општина е Куманово со 380 ПМ 10 честички на метар кубен или дури 7 пати повеќе од дозволеното.
Веднаш по Куманово, е општина Битола со 200, како и општина Тетово со измерени 181 ПМ 10 честички на метар кубен.
Енормното загадување на воздухот и понатаму е рак рана за граѓаните, а локалните и централните власти воопшто немаат слух за решавање на овој проблем, ниту пак стратегија за намалување на загаденоста на воздухот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.