Вештачењето и на вториот телефон на Катица Јанева – завршено

Вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е завршено, но како што е посочено детали не можат да споделат.
По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 23-ти овој месец беше пронајден вториот мобилен телефон на Јанева.
Телефонот бил пронајден со следење на ИМЕИ бројот со помош на мобилен оператор и лицето кај кое бил телефонот рекло дека го добило на подарок, соопштија од Обвинителството.
Телефоните на специјалната јавна обвинителка и се одземени и дадени на вештачење со цел да се види нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот “Рекет“, Боки 13.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.