Од компанијата Вибер објавија новина, која вклучува воведување на опцијата за самоуништување на пораките во сите форми на пораки, не само во „тајната“ комуникација и пораки.
Оваа опција досега беше достапна само во „тајни“ пораки! Сега пристигнува во сите други форми на комуникација, кои се достапни во рамките на апликацијата Бибер – самоуништување на пораките. Корисниците ќе имаат можност да го постават посакуваното време, по што ќе се избрише пораката, без разлика дали станува збор за видео порака, аудио или текстуална порака. Исто така, ова се однесува на размена на фотографии и видеа, но и на разни датотеки и документи.
Достапниот временски период ќе биде неколку секунди или минути до еден час или дури 24 часа.
Апликацијата Вибер со години покажува колку внимание му посветува на приватноста на корисниците. Така, во 2015 година, ја претставија опцијата „избриши ја пораката“, во 2016 година беше редот на взаемно криптирање на податоците, а скриени и тајни разговори беа воведени во 2017 година.