Фудбалерите на Јувентус направија уште еден голем чекор кон одбрана на титулата, откако во 33.коло во Серија, во дербито го победија Милан со 1:0.
Натпреварот го реши Чилеанецот, Артуро Видал кој единствениот гол на натпреварот го постигна во 57.минута, со удар од белата точка. Видал на последните два меча постигна три гола, тој беше двоен стрелец во победата од 2:0, во минатото коло над Лацио. Милан, во Торино, го забележа првиот пораз од почетокот на годината во домашното првенство. Резултати, Серија А 33.коло:Интер-Парма 1:0Наполи-Каљари 3:2Сиена-Киево 0:1Катанија-Палермо 1:1Болоња-Сампдорија 1:1Фиорентина-Торино 4:3Јувентус-Милан 1:0Џенова-Аталанта 1:1Удинезе-Лацио 1:0Рома-Пескара 1:1Табела: Јувентус 77, Наполи 66, Милан 59, Фиорентина 58, Интер 53, Рома 52.
Фудбалерите на Јувентус направија уште еден голем чекор кон одбрана на титулата, откако во 33.