(ВИДЕО) Автобусот со македонски туристи чиј возач загина во Италија се судрил со два камиони

Попладнево од Министерството за надворешни работи на С Македонија соопштија дека од Амабсадата на земјава во Рим биле известени за сообраќајната несреќа во која загинал возачот Р.И. (роден 1965 г.), а 12 патници, исто така македонски државјани, биле полесно повредени

Соообраќајната несреќа во која животот на самото место го загубил возачот на туристички автобус од С Македонија се случил денеска наутро околу 9:30 часот во тунел на дел од автопатот А14 во регионот Марке во Италија, пренесува новинската агенција МИА, повикувајќи се на италијанските медиуми.  

Од интервенцијата на противпожарните екипи на местото на сообраќајната несреќа / Фото: Принтскрин

Во несреќата во тунелот Винчи, според италијанската новинска агенција АНСА, учествувале три товарни возила, односно автобусот и два камиони. 

Според извештаите дошло до судир меѓу возилата, по кој во еден од камионите кој пренесувал алкохол избувнал пожар. 

Попладнево од Министерството за надворешни работи на С Македонија соопштија дека од Амабсадата на земјава во Рим биле известени за сообраќајната несреќа во која загинал возачот Р.И. (роден 1965 г.), а 12 патници, исто така македонски државјани, биле полесно повредени. 

 „Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим е информирано дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р.И. (1965) државјанин на Северна Македонија, додека полесно се повредени 12 патници, исто така наши државјани“,

информираа од МНР. 

Според инфромациите кои ги објавуваат италијанските медиуми, повредените патници биле пренесени во болници.  

На местото интервенирале протипожарни екипи кои го изгалснале огнот во запалениот камион, а автопатот бил затворен за сообраќај до 15:30 часот. 

Дел од италијанските медиуми обајви и видео-снимки, на коис е гледа како пожарникарите го гасат запалениот камион. 

Од МНР информираа дека преку Амбасадата во Рим остануваат во континуирана комуникација со надлежните италијански институции кои работат на целосно расчистување на случајот.  

Пронајдете не на следниве мрежи: