(Видео) Божиновска за долгот кон МЕПСО: Имаше кривична пријава, не беше прифатена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во поткастот Бизнис муабети зборуваше за долгот на компанија во која таа била управител кон МЕПСО.

– Долгот од 800.000 евра, слушнав дека сум многу озборувана уште од вториот ден откако сум во Влада. МЕПСО отвори кривична пријава, таа беше одбиена, не беше ни процесуирана. МЕПСО се жалеше и тоа беше одбиено, значи си работеле надлежните органи. Долг постоел, меѓутоа постоеле и писма за долгот и барање за цесија, одговор немавме добиено, вели Божиновска.

Компанија поврзана со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во 2016 година и во 2017 година направила долг за неплатена струја кон државната компанија МЕПСО од околу еден милион евра, истакнаа претходно од СДСМ.

Како што објаснија од СДСМ, станува збор за фирмата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, чиј основач и еден од управителите била Божиновска.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: