(Видео) Во време кога високоразвиените земји имплементираат 6-часовна работна недела, ние се враќаме во феудализам

Работникот ја троши платата на инфлација, додека директорите земаат огромни дивиденди, вели координаторот на трудовиот сектор на Левица, Александар Димитријевиќ.

-Во време кога во високоразвиените држави се имплементира шест часовно работно време, нас ни се сервира феудализам и робовладетелство. Предлогот на Владата за 60-часовна работна недела нѐ врати назад во 1882 година, кога во индустријата се работеше и 12 часа дневно.

Лошите услови за работа ги приморија работниците да се иселат од државава; ги дискриминираат жените-земјоделки; на железничарите им се исплаќаат плата во половинки; поради расипничкиот однос во јавните претпријатија работниците не можат да земат додатоци и надоместоци на плата; вработените во маркетите работат во ладни простории; градежната мафија ги експлоатира незаштитените и непријавените работници.

На објавениот повик на Левица, преку 1000 работници пријавија нерегуларности на работните места. Ова е знак дека правата на работниците се само декларативна УТОПИЈА во програмите на денешните политички чинители. Класната разлика е се поголема, додека директорите во банките земаат милионски дивиденди, обичниот работник ја троши платата на инфлација.

Затоа, работници и работнички, нема друга алтернатива освен организираната политичка моќ на трудот. Наместо за работнички права, заедно да се бориме за власт. За РАБОТНИЧКА ВЛАСТ и за политичка моќ на трудот! – велат од Левица.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: