(Видео) Вработените во МВР утре ќе добијат плата плус – Бојмацалиев им се заблагодари за работата во смени, викенди и празници

Уште една плата утре ќе добијат вработените во Министерството за внатрешни работи, најави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев. 

Имено, Бојмацалиев, на прес конференција во Владата информираше за одлуката на Владата со која се задолжува МВР од утре да ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи со новото име на државата, на товар на МВР.

Тој изрази благодарност до сите вработени во МВР кои изминатиот период се ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.

– Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија. Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот – рече Бојмацалиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: