Скандалозна сцена беше забележана денес во натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија.
Последните пет минути од овој натпревар се вистински пример како не треба да се однесуваат едни спортисти на теренот. Двете екипи во тој период си постигнуваа автоголови и намерно не постигнуваа голови на противничката страна.
Збунети од ситуацијата беа и судиите на средбата кои го прекинаа натпреварот, меѓутоа по консултации со записничката маса истата продолжи.
Засега не може да се каже која е причината на ваквиот срамен однос кон спортот на ракометарките на двете екипи. Средбата на крајот заврши со победа на гостинската екипа од 17-16.