Санкт Петербург во пламен!

Голем пожар избувна синоќа во магацините на голем синџир на он-лајн трговија во Санкт Петербург, Русија, а во моментов пожарот зафаќа површина од 50.000 метри квадратни.

„Површината на пожарот во магацинот е 50.000 метри квадратни“, се наведува во соопштението на главната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Магацините се наоѓаат во областа Пушкин, а овој комплекс има димензии од 350х320 метри и висина од 20 метри.

Засега нема информации за жртви. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 112 пожарникари и 25 возила на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.