Најверојатната демократска кандидатка за претседателските избори во САД, Камала Харис, со остри зборови им одговори на учесниците на пропалестинскиот протест против израелската војна во Газа, кои го прекинаа нејзиниот говор на изборниот митинг во Детроит извикувајќи „Камала, Камала, не можеш да се скриеш, нема да гласаме за геноцид“.
„Знаете што, ако сакате да победи Доналд Трамп, тогаш кажете го тоа. Инаку, држам говор“, рече Харис предизвикувајќи гласни овации на одобрување од поддржувачите, пренесе „Ју-ес-еј тудеј“.
Претходно, Харис рече дека е тука затоа што верува во демократија и дека гласот на сите е важен.
Додека демонстрантите продолжија да ја прекинуваат, таа ја заостри својата реторика.
Повеќе од 15.000 луѓе присуствуваа на митингот во Детроит, Мичиген, најголем од почетокот на нејзината кампања.
Харис, како и Бајден, останува цврста во поддршката за Израел, но таа минатиот месец рече дека луѓето не може да молчат за страдањата на цивилите во Газа и дека таа нема да молчи за тоа.
Pro-Palestine protesters just disrupted Kamala’s speech in Michigan.
Her response: “If you want Donald Trump to win say that. Otherwise, I’m speaking.” pic.twitter.com/Mf0CdEbDQg
— Read No Shortcuts (@JoshuaPHilll) August 8, 2024