Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки на својот профил на социјалните мрежи сподели информација за урнатата зграда. Тој наведува дека зградата била изградена пред 36 години и додава дека како резултат на првичните истраги, било утврдено дека незаконски биле доградени еден ипол кат
Едно лице е загинато, а најмалку осум се повредени при уривање на зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмез. Причината за уривањето на трикатницата се уште не е позната, а на местото на несреќата се излезени надлежни полициски, медицински и спасувачки екипи.
Досега, од извлечените лица од под уранатините, четворица се испратени во болница.
„Во моментов тимовите за пребарување и спасување продолжуваат да ги пребаруваат урнатините“,
изјави гувернерот на Истанбул Давут Ѓул.
Küçükçekmece’de çöken 3 katlı binanın bulunduğu alan havadan görüntülendi https://t.co/TVtIWRK0b0 #istanbul #küçükçekmece #enkaz pic.twitter.com/QywYmZ79th
— Edirne Haber (@edirnehabercom) June 2, 2024
Турскиот медиум „Хуријет“ пренесува дека во истрагата што ја покренало главното јавно обвинителство Кучукчекмеџе, сопственикот на зградата Хаџи Мурат Генчтурк е приведен под обвинение дека од невнимание предизвикал смрт и повреда.
📍A 4-storey building in Istanbul Küçükçekmece collapsed spontaneously! 7 of the 9 people trapped under the rubble were rescued with injuries. The search for 2 people continues. #breakıng pic.twitter.com/VV1S6zQshx
— .aspendos (@aspendos_1789) June 2, 2024
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, кој беше на местото на урнатата зграда, рече дека е покрената истрага и оти се назначени тројца обвинители и еден главен граѓански инспектор.
📍A 4-storey building in Istanbul Küçükçekmece collapsed spontaneously! 7 of the 9 people trapped under the rubble were rescued with injuries. The search for 2 people continues. #breakıng pic.twitter.com/VV1S6zQshx
— .aspendos (@aspendos_1789) June 2, 2024
Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки на својот профил на социјалните мрежи сподели информација за урнатата зграда. Тој наведува дека зградата била изградена пред 36 години и додава дека како резултат на првичните истраги, било утврдено дека незаконски биле доградени еден ипол кат.
Ожасеки додава дека при првичните увиди на лице место било дознаено дека зградата која е направена во 1988 година е изградена без да се почитуваат архитектонски и инженерски стандарди, при изградбата е користен морски песок, а и во подоцнежните фази имало интервенции кои ја нарушиле статиката на зградата.
„Нашите тимови продолжуваат со истрагите на терен и ги следиме случувањата од момент во момент“,
вели Ожасеки.
Од уривањето на зградата се оштетени и возила кои биле паркирани во близина, а оштетен е и автобус.