Една од најубавите жени во светот, Емили Ратајковски, е „уловена“ односно снимена во исклучително страсна размена на нежности со актерот и комичар Стефан Бак, а нивната романса беше откриена во вторникот на улиците на Париз.
- ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба
- Експерти: Фокус на новата администрација на САД ќе бидат Украина и Блискиот Исток – Западен Балкан „останува во сенка“
- Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
- Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и Ѓавато
- Полицијата врши претрес во домот на хрватскиот министер за здравство
- Метео: Облачно, дождливо и ладно време
- Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавци
- Ја поставил љубовницата за кралица, чекал повеќе од 7 децении за да се качи на тронот: Кој е кралот Чарлс III кој го промени курсот на британскиот двор (фото)
- Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година
Инаку, 32-годишната манекенка беше во врска со Ерик Андре, диџејот Оразија Рисп и Хари Стајлс откако минатата година се раздели од сопругот Себастијан Бер МекКлард. Но, таа овој пати изгледаше прилично заљубено во 27-годишната француска ѕвезда додека се бакнуваа држејќи чаши вино. Новиот пар е забележан како се гледа во очи пред да се бакнат во врат, уживајќи во чаша вино и цигара на улица во Париз. Во исто време, Стефан Бак дрско ја зграпчи Емили Ратајковски за задниот дел.
@dailymail EXCLUSIVE: Emily Ratajkowski and Stéphane Bak showed passionate PDA, KISSING in the ‘City of Love’ 💋 #fyp #emilyratajkowski #stephanebak #paris #celebritycouple #rolance ♬ original sound – Daily Mail
За романтично излегување, манекенката се одлучила за кожна кабаница во комбинација со зелено свилено здолниште и чизми со шило. Таа ја облукувала косата во меки бранови и носела препознатлива шминка околу очите, во комбинација со кармин во боја на кожа.
Стефан Бак се прослави во 2012 година на само 16 години како најмладиот комичар во Франција благодарение на неговите ѕвездени стенд-ап настапи во малите париски клубови, вклучувајќи ги „Le Palace“ и „Théâtre Trévise“. Француско-конгоанската ѕвезда беше исфрлена од средно училиште во 2011 година, а подоцна беше одобрено од Министерството за социјални работи на Франција да почне да работи на само 14 години, што доведе до неговата комична кариера.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.