Четири автомобили горат на полигонот под Амбасадата на САД, веднаш до кејот на Вардар и објектот на „Водовод“. Просторот се користи како паркинг, а особено за викендите е препоплн.
Очевидци раскажуваат дека се слушнале и неколку експлозии, а дека пожарот брзо се проширил.
Граѓани панично ги ваделе автомобилите од просторот, во страв дека пожарот може да се прошири. На местото пристигнаа и пожарникари со Противпожарни возила
Нешто опасно гори спроти стадион pic.twitter.com/B8gH4jk4Qh
— Neb. Gelevski – Bane (@banekoma) April 6, 2024