Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вчера е отворен Центарот за развој на кошарката.
Претседателот Ердоган не ја пропушти можноста да се забавува, шутирајќи од мала далечина и успешно постигнувајќи кош, на што присутните бурно аплаудираа.
Центарот е изграден на површина од 70 хектари во Истанбул и главната сала има капацитет да прими 10.000 навивачи. Објектот вклучува и терен со 1.000 седишта за гледачи, три помали терени со по 500 места за младинските тимови, спортско средно училиште, терени за играње 3х3, хотел за тимовите и простори за одржување на настани. Претходно, имаше интересни видеа со Орбан каде тој вади чешел и се чешла или одбива да пие чаша вода која му ја дава телохранителот.