(Видео) Имаме најголем број полицајци по глава на жител во Европа, а градинките ни ги чуваат приватни агенции

Ние во програма имавме концепт за обука на народот за одбрана на територијалниот интегритет на државата, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-НАТО оди со концепт на професионални армии и ние сега со Вагнер и со овие американските платенички групи се враќаме во средновековието. Малку се луди овие работи. Синоним на платеничка војска, паравоена формација, кај нас се агенциите за обезбедување.

Има МВР вработено илјадници полицајци, имаме најголем број полицајци по глава на жител во Европа, а градинки и училишта ни ги чуваат приватни агенции за обезбедување. Кога ќе прашаш зошто, викаат па така било на Запад, вели Апасиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: