Традиционално и оваа година Лисичанската коњаница тргна од општина Аеродром кон црквата Свети Петар и Павле во Долно Лисиче по што ќе се упати кон Крушево.
Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш.
Целта на ваквите настани е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по примерот на храбрите македонски јунаци низ историјата.