Фудбалската репрезентација на Македонија одигра според планот и дома ја победи Ерменија (2-0) во второто коло од Лигата на нациите, резултат со кој скокна на првото место на табелата во новото издание на натпреварувањето на УЕФА. По разочарувањето во Торшавн и ремито со Фарски Острови, нашите фудбалери дојдоа до победа која е доста важна. Дополнително, се добива на тежина затоа што таа е извојувана со играч помалку цело второ полувреме.