Давањето на функцијата спикер во Собранието на Африм Гаши е еден вид на ставање на печат дека таа функција е загарантирана по етнички принцип, вели во гостување во „Тешки муабети“ пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ.
– ВМРО-ДПМНЕ сака да остане на власт за да ја задоволи гладната структура која ја има создадено изминатите седум години и затоа се сервилни. ЗНАМ е краткорочна инвестиција, а ние обелоденивме еден документ за коалицирање меѓу Максим Димитриевски и Вреди и од Куманово е почната оваа коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди. Можеме да очекуваме дека ќе има уште вакви испади и непочитување на Уставот во сите насоки, вели Мециновиќ.
Дел од партиите во Влен имаат изразени нофашистички ставови, вели Мециновиќ.