– Со вашиот сегашен коалициски партнер за кој велевте дека е криминалец, Таравари, сега ќе најдете нов, заеднички јазик – истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, обраќајќи се кон пратениците од ДПМНЕ во контра – репликата на собраниската седница.
Мециновиќ се осврна кон состојбата во советите на локално ниво, потврдувајќи дека и таму функционира широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ.
– Јас доаѓам од Град Скопје како советник во Град Скопје каде вашата градоначалничка владее, чиј последен извештај, годишниот извештај за буџетот го гласаа вашите советници заедно со СДС и ДУИ. Така е и во Велес, така е и со Нефи Усеини – појасни Мециновиќ, обраќајќи се кон пратениците од ДПМНЕ.
Според Мециновиќ, тоа се индикаторите за материјалните околности кои од ДПМНЕ, едноставно, ги игнорираат.