(Видео) Мециновиќ ја подбра Божиновска: Ја користите Вашата експертиза за зделки со енергетската мафија која го финансира Мицкоски!

На денешните опозициски прашања до власта, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, постави прашање до министерката за енергетика, Сања Божиновска:

Со ова што го правите, со Буџетот за 2025 година и со вашето политичко дејствување, оваа влада ќе се делегитимира и следните избори ќе бидат референдумски избори за ВИСОКИ СМЕТКИ и за приватниот интерес во енергетскиот сектор или за конечно ставање ред во безредието на енергетската индустрија со која владее енергетската мафија претставена преку вашите партии на олигархијата.

Додека државните елементи се во долгови – приватните елементи бележат огромни добивки. Поради оваа ситуација, иако манипулиравте, за Нова година ќе имаме ново ПОСКАПУВАЊЕ на струјата!

Кога гледаме дека приватниот интерес заработува од македонските граѓани, а сите државни елементи се во загуба, дали Вие, министерке, сте тука за вашите познанства во индустријата да ги искористите за Мицкоски за полесно да ги направи сите зделки со енергетската мафија која го спонзорира него, неговата партија и коалиција?!

Мицкоски, бидејќи е изборно-атрактивно, постојано го споменуваше Чебрен кој ќе беше изграден од државни пари, а сега во овој Буџет, гледаме една голема нула за Чебрен! Зошто не предвидувате пари за Чебрен? Бидејќи, крајно, прашањето на граѓаните е зошто постојано им растат сметките за струја и зошто им се уништува животниот стандард?

Затоа што оваа влада има за цел само да го задоволи приватниот интерес на енергетската мафија!

Проектната документација, студијата на техничко ниво за Чебрен, веќе постои во ЕСМ. За Чебрен потребно е само да имаме политичка волја која е далекусежна, бидејќи опфаќа временска дистанца поголема од еден мандат. Но, вие немате политички интерес да правите нешто што е далекусежно позитивно за државата, зашто вие знаете дека имате четири години. И четири години се потребни да се наполнат вашите џебови и џебовите на олигархијата која ве спонзорираше за да дојдете на оваа позоција, за да го отворите Министерството за енергетика и во следните четири години да ја продолжите агонијата на граѓаните на Македонија. Крајниот суд ќе биде на Вас, министерке! Бидејќи на крај, вие како прва министерка за енергетика, нема да направите ништо за развивање на независноста на енергетскиот систем во Република Македонија.

Не можеме да зборуваме за иднина на нашите граѓани, сѐ додека во таа равенка нема енергетска независност, соопштија од партијата

Пронајдете не на следниве мрежи: