Не е невозможно ако за тоа се има голема желба ќе каже младиот Владимир Грчев од Кочани кој од мали нозе вежба информатика, се натпреварува и постојано освојува награди. Во четвтро одделени прв се натпреварувал вон категорија, за веќе од шесто одделение успшено да ја преставува државата на натпревари по информатика. Младиот генијалец Грчев вели потребно е време да се вежба, ама не е невозможно да се постигне, да се научи и да се освои награда.
„За постигнување не е нешто невозможно, има време за се, но треба да се вложи многу време во подготовка и решавање на задачи. Јас почнав да се натпреварувам информатика уште од четврто одделение и тогаш бев вон категорија инфроматика и освоив пофалници. Во шесто почнав да се натпреварувам во категорија и освоив прва награда на државен натпревар и бронза на олимпијадата“ – вели Грчев.
Уште од мали нозе се гледал неговиот талент. Неговата мајка Анита вели дека од три годишна возраст знаел да брои и барал начини како да смета двоцифрени броеви. Сега е на прагот да се трге во деветоодделение во Скопје, и да продолжи да нижи успеси и да собира награди.
„Во четврто одделение беше првпат на натпревар по информатика, ама вон категорија оти беше мал. Исто беше и во петто одделение каде се покажа многу успешен, а веќе во шесто се натпреваруваше во категорија. Нема натпревар од кој се е вратил без награда“ – вели неговата мајка Анита.
Грчев пред само два дена се врати од последната Европска Олимпијада по информатика за јуниори која се одржа во Молдавија. Во конкуренција со 104 натпреварувачи од 28 земји од светот освои бронза. Вчера и денеска е дел од он лајн олимпијада.