(Видео) НАД 450 МИЛИОНИ исплатени на „криминалната“ Марковски компани од РЕК Битола?!

Новото раководство на РЕК Битола досега исплатило нешто повеќе од 450 милиони денари на Марковски компани, дознава Инфомакс.

Средствата биле исплатени во неколку наврати на, како што порано раководството на ВМРО-ДПМНЕ милуваше да каже, криминалната компанија за која бараа објаснување од СДСМ за низа јавни набавки добиени во истата РЕК Битола.

Инфомакс претходно го објави последниот тендер кој Марковски компани го доби од РЕК Битола, станува збор за набавка вредна 64 милиони и 900.000 денари. Договорот меѓу РЕК Битола и Марковски компани е склучен на 10.10.2024 година, а објавен на веб-страницата за јавни набавки на 16.10.2024 година.

Речиси истовремено со промотивното видео кое го објави владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи за нелегални тендери во времето на СДСМ, новото раководство на ЕСМ, поставено од владата на ВМРО-ДПМНЕ, ѝ даде тендер од над еден милион евра токму на фирмата која ја обвинуваат – Марковски компани од Битола.

Владејачката партија го објавува видеото на „Јутуб“ на 13 октомври, а три дена подоцна, на Електронскиот систем за јавни набавки е објавен милионскиот договор. Сепак, договорот бил склучен уште пред објавувањето на видеото.

Битолската компанија во изминатите години има добиено стотици милиони евра за тендери од РЕК Битола.

Пред осум месеци тогашниот потпретседател тврдеше дека компанијата земала низа криминални тендери во договор со поранешната власт предводена од СДСМ. Наместо МВР предводена од министер на ВМРО-ДПМНЕ да поднесе кривични пријави и да ги истражи „спорните“ набавки, тие даваат 450 милиони денари во само три месеци власт…

Дали и овде бил или ќе биде применет „хуман рекет“ како што објасни премиерот Мицкоски, ќе треба да истражат Обвинителството и останатите надлежни институции што можеби останаа со каков-таков кредибилитет во државава.

Пронајдете не на следниве мрежи: