Не е навреда ако навредува премиерот, без разлика дали навредува жени, обвинителки, или обични граѓани.
Мицкоски вчера во изјава за медиумите од Охрид истакна дека нема повеќе да толерира судство и обвинителство, ниту ќе толерирал обвинителки кои „имаат добиено“ кога треба да апсат. Дополнително Мицкоски им се обрати на судиите и обвинителите дека повеќе нема да ги толерира, што е притисок врз судството и обвинителството.
Сепак, портпаролката на Владата, Марија Митева, продолжува да го брани неодбранливото и смета дека премиерот не ги навредил жените, ниту пак извршил притисок врз судството. Митева не го осуди премиерот за навредите кон жените обвинителки, како што бурно реагираа кога Маричиќ наводно и упатил бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска.
Погледнете ги одговорите на Митева на прашањата на Инфомакс.