Новинарот Фуркан Салиу денеска објави втор дел од документите на ВМРО-ДПМНЕ за креирање на лажни вести, наративи, лажни анкети во пресрет на претседателските и парламентарните избори во Македонија.
Салиу во денешното видео објави документи од партијата во која се задолжуваат, на пример екс-министерката Невена Стаменковска Стојковски да обезбеди и да работи со базата на вработени во јавната администрација, министерот во актуелната техничка влада, Ѓоко Велковски да обезбеди податоци за приматели на туѓа нега, Игор Николовски податоци за болни и изнемоштени лица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.