(Видео) Нова снимка: Убиство во тетово

Во тетовската населба Мема вечерва се случи убиство. Граѓаните се вознемирени. Според дел од медиумите на албански јазик, станува збор за продолжение на огнена пресметката меѓу две семејства која пред повеќе месеци започна по едно судско рочиште, а кулминираше кај болницата во Тетово.

Со истрел од пиштол убиен е Р.Т. на 40-годишна возраст, објавија медиуми на албански јазик.

На лице место, се припадници на полицијата и екипи на брзата помош. Пристап на граѓани не е дозволен, а присутен е и јавен обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.