(Видео) Ноќта кога СДСМ и Пендаровски ја загубија власта



Резултатот е разочарувачки. СДСМ доживеа тежок удар – рече лидерот Димитар Ковачевски и најави избори на сите нивоа во партиската структура. Ноќта кога СДСМ ја загуби власта, никој од раководството немаше сила да зборува пред нашите камери за нивниот личен придонес во изборниот пораз.

Во „Александар Палас“, одвоениот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, цела вечер беше тивко и празно. Само група туристи од Германија беа изненадени од фактот што се уште се на истото место со шефот на државата.

Пендаровски рече дека нема да ја користи државната пензија и се враќа на својата професорска работа. Што се случуваше пред и зад камерата погледнете во видеото.

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи: