(Видео) Палевски од судницата: Се противам на исклучување на јавноста

Одбраната на Љупчо Палески се противи на исклучување на јавноста од случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој потенцираше дека постои интерес во јавноста и мислам дека деталите за кои се бара да се исклучи јавноста се познати и не се од таков карактер, можеби исклучување на јавноста во дел од постапката, што се однесуваат на оштетената Зорица Ѓорчевска, но во однос на целата постапка не

По однос на темата се огласи и Палевски кој веле „Се противам на исклучување на јавноста, нема да барам да сведочи мајката на оштетеното дете токму од овие причини кои ги наведе обвинителството, за да не ја вознемируваме“.

Адвокатот на таткото на Вања Ѓочевска, Владимир Туфегџиќ посочи дека „Во тој дел оставам на судот да одлучи, но сметам дека судот одлуката треба да ја заснова врз оснва на јавниот интерес за овој предмет и во таа насока сметам дека не постојат законски пречки ниту законски основ за исклучување на јваноста во текот на целата главна расправа, имајќи пред се предвид како и на кој начин е информирана јавноста во досегашниот тек на оваа постапка. Оттаму оставам на судот но потенцирам пред се, водејќи се од интересот и на таткото, кој во оваа постапка е оштетен“.

Инаку пред малку судот одлучи дека нема да се исклучи јавноста од судењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: