Скопските пожарникари се борат да го стават под контрола пожарот што гори во расадникот во општина Кисела Вода во Скопје.
Како што информира првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, и покрај обидите на пожарникарите да биде пожарот ставен под контрола има еден крак каде што се уште има силна линија на горење.
Огнот е многу силен, не може да се доближиме до него. Линијата на фронтот е со стотици метри, што е невообичаено за градот Скопје, поради што е отежнато гасењето на овој пожар“, вели Ангелов за борбата со пламените јазици.
Ангелов, сепак, апелриа до граѓаните дека нема потреба од паника.
Објекти нема да бидат загрозени, затоа што верувам дека огнот ќе биде сопрен. Но, навистина, ова е тежок шумски пожар во урбана средина, вели Ангелов.