(Видео) Први снимки од хоророт на рели во Унгарија: Автомобил влета во публиката, има загинати меѓу кои и дете!

Четири лица загинаа денеска, меѓу кои и една девојка, а најмалку 30 се повредени кога автомобил излетал од патот и удрил во група гледачи на автомобилски собир во северозападна Унгарија, а сега на социјалните мрежи се појави ново видео од страшната несреќа. .

На првото видео кое се појави може да се види како возилото се лизга и удира во група гледачи, додека на новото видео се гледа точниот момент на ударот, бидејќи видеото е снимено од далечина. Имено, возачот губи контрола, автомобилот се излизга, зад него се појавува облак прашина, а потоа се гледа смртоносниот удар.

За потсетување, несреќата се случила за време на автомобилска трка меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајо кај Дунав, соопшти полицијата, пренесе унгарскиот портал 24.hu.

На Фејсбук страницата на рели клубот Арабон беше објавено дека се повредени 30 лица.

Трката е прекината, автомобилот излетал од патот од се уште неразјаснети причини, а причините се истражуваат.

Според унгарските медиуми, меѓу жртвите има и девојка.

Пронајдете не на следниве мрежи: