За да ги растера младите кои протестираат како поддршка за министерот за одбрана Талат Џафери, полицијата употреби и солзавец. Демонстрантите кои тргнале од пред Јаја-пашината џамија откако стигнаа пред владата, почнале да фрлаат со камења кон полицијата која беше во голем број распоредена пред владината зграда.
Уште поголем инцидент настанал откако полицијата не дозволила на групата да тргне накај скопскиот плоштад. Младите кршеле,мавале со камења, корнеле собраќајни знаци, го фрлиле македонското знаме, но биле спречени да го запалат. Полицијата неколку пати употребила солзавец по што има повредени полицајци кои немале заштитни маски.
Приведен е организаторот на протестот а полицијата уапси и други учесници за кои има информации дека вандалски и насилно се однесувале.
извор:а1on.mkЗа да ги растера младите кои протестираат како поддршка за министерот за одбрана Талат Џафери, полицијата употреби и с