(Видео) Пукање на автопат во Израел, има мртви и ранети

Еден полицаец загина, а неколку луѓе се ранети денеска во терористички напад на автопатот во близина на израелскиот град Ашдод. Напаѓачот е уапсен.

Жртвата на пукањето кај Ашдод е 30-годишен полицаец.

Извештаите велат дека терористот пеш стигнал до автопатот и тргнал по патот во близина на клучката. Не е јасно дали тој стигнал до запреното полициско возило и потоа отворил оган или дали полициското возило застанало до него за да истражи, пишува Тајмс оф Израел.

Потоа отворил оган од пиштолот, при што тешко го ранил полицаецот кој подоцна починал од повредите. Потоа почнал да пука во цивили во околните автомобили.

Пронајдете не на следниве мрежи: