(Видео) ПУКАЊЕ ПРЕД ВЛАДА: ТЕШКО РАНЕТ ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА!

Словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево е ранет во пукотница по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Фиц бил застрелан кога по средбата излегол да ги поздрави насобраните граѓани.
Словачкиот портал Правда пишува дека напаѓачот испукал неколку куршуми во Фиц, по што полицијата го уапсила.

Весникот „Плус еден ден“ објави дека, според претпоставките, Фичо е ранет во екстремитетот, градниот кош и стомакот.
Според весникот, очевидци слушнале за четири или пет истрели.
Премиерот на Словачка со хеликоптер е префрлен во болница во главниот град на Словачка.

Пронајдете не на следниве мрежи: