Русија во текот на ноќта изведе нов масивен напад со проектили и дронови врз украинската инфраструктура.
Главните мети за напад се наоѓале во регионите Харков, Виница, Суми, Лавов, Запорожје и Дњепропетровск, а според воени претставници нападите биле извршени со помош на беспилотни летала, Искандери, Кинжалс и ракети Х-101. Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко изјави дека денешните напади се најголем удар врз критичната инфраструктура на украинскиот енергетскиот сектор во последните години.
Оштетени се производствени капацитети и системи за пренос и дистрибуција на електрична енергија во различни области. Земјата доживеа прекини во снабдувањето со струја и интернет – вели Галушченко.
Тешко е оштетена хидроцентралата Днепар.
— Pluton (@Pluton45873221) March 22, 2024
Исто така, според воените дописници, погодени се и државната централа Ладижен во регионот Виница и државните централи Змиев и ЦХПП-3 во регионот Харков.
Според неофицијални информации, мета биле и аеродромите на вооружените сили на Украина.