Романскиот министер, се чини, не бил доволно заинтересиран за темата за последиците од конфликтот во Украина врз романското земјоделство, па решил да прилегне
Романскиот министер за земјоделство Петре Деа заспа за време на емисија во живо за Украина.
Романскиот министер, се чини, не бил доволно заинтересиран за дискусијата за последиците од конфликтот во Украина врз романското земјоделство и земјоделците, па решил да прилегне за време на директен пренос на романската телевизија „Антена 3“.
Водителката на емисијата му се јавила на министерот и го прашал за судбината на романските земјоделци кои, како што се наведува, се пред банкрот поради украинската криза, а кога Деа добил збор, на другиот крај на линија се слушна само ‘рчење.
Новинарката неуспешно се обидела да го разбуди заспаниот функционер, а гостите во студиото не можеа да се воздржат од смеење.
Видеото од повикот оттогаш стана вирално на социјалните мрежи.
Романските медиуми претходно објавија дека властите ќе ја намалат финансиската помош за украинските бегалци кои нема да добијат работа.
Од 24 февруари романското раководство потрошило 565 милиони евра за бегалците од Украина, од кои повеќе од 100 милиони евра се потрошени за храна и сместување.