(Видео) Сите деполитизирани: Скандал – сопруга на градоначалник од ДПМНЕ е избрана за член на Судски совет

„Наместо реформи, гледаме брутална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на Судскиот совет, избрана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов“ рече на денешната прес-конференција портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, „Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега“.

„Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“ рече Кузеска.

Пронајдете не на следниве мрежи: