Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори и за скандалот при посетата на соседна Бугарија.
„Радев во еден многу конструктивен и интерпартес разговор ама особено за време на ручекот, морам да кажам, јас не раскажувам обично што се случувало, меѓутоа неверојатно конструктивен разговор, одмерен, умерен, бидејќи не можете вие со главни барања да одите. Зборувавме за проекти, за надминување на проблемите, се разбира јас дека си ги бранам националните и државните интереси и човек може без да прави скандали, од скандали решение не никнало“, вели Сиљановска Давкова.
Имено, при средбата со претседателот Румен Радев не беше истакнато македонското знаме.