Ураганот Милтон преку ноќ по европско време падна на копно во близина на Сиеста Ки, Флорида. Според Националниот центар за урагани на САД, постојаните ветрови во моментот на ударот биле 193 км/ч (120 милји на час). На Флорида се уништени стотици куќи, најмалку две лица загинаа, а на социјалните мрежи кружат застрашувачки видеа.
Најмалку две лица загинаа во ураганот Милтон во округот Сент Луси на брегот на Атлантикот на Флорида, изјави шерифот на округот Кит Пирсон, кој процени дека се уништени повеќе од 100 домови во округот, објави NBC News.
На патеката на ураганот се најде и градот Сарасота, од каде доаѓаат снимките од поплавените куќи и улици.
На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види и поплавата во гаражата.
Исто така, поплавени се и улиците.На теренот Тропикана, домот на бејзбол тимот Тампа Беј, ураганот го уништи покривот. Застрашувачки снимки доаѓаат и од пристаништето.
На Флорида повеќе од два милиони луѓе останаа без струја поради ураганот.Канцелариите на Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа повеќе од 130 предупредувања за торнадо од синоќа. Експертите велат дека појавата на торнада пред и за време на ураганите не е невообичаена, но дека моќта на торнадата може да биде силна.