Ретко торнадо погоди два региони во Русија, Република Башкирија и Челјабинск, и откорна бројни столбови и далноводи, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
„Иако ова не е Тексас, торнадото во Башкортостан беше вистински хит. Го погоди селото Целини во Азбелилово“, се вели во соопштението.
Руското Министерство тврди дека невремето траело околу 10 минути и дека нема повредени.
Спасувачките екипи се на терен за да ја санираат штетата предизвикана од торнадото.
Во Челјабинската област неколку села останаа без струја поради торнадото, соопштија локалните власти.