(ВИДЕО) Триесетгодишна македонска државјанка загина, а уште четири лица се повредени во сообраќајка на автопат во близина на Солун



Во несреќата повредени се уште две други девојки кои биле во возилото во кое се наоѓала и починатата 30-годишна жена. Едната девојка која е на 27-годишна возраст, како што пренесува грчкиот медиум „Вериотис“, е со тешки повреди и е на операција во болницата во Верија, додека другата повредена е 25-годишна девојка и таа е надвор од животна опасност

ФОТО: Принтскрин од видео објавено на Јутјуб

Триесетгодишна девојка од С Македонија загина во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случила на автопат во близина на Солун. Во сообраќајката биле повредни уште четири други лица.

Грчките медиуми пренесуваат дека тешката сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација меѓу Верија и Солун денеска околу пладне кога дошло до судар на две возила на еден од излезите од автопатот.

Во несреќата повредени се уште две други девојки кои биле во возилото во кое се наоѓала и починатата 30-годишна жена. Едната девојка која е на 27-годишна возраст, како што пренесува грчкиот медиум „Вериотис“, е со тешки повреди и е на операција во болницата во Верија, додека другата повредена е 25-годишна девојка и таа е надвор од животна опасност.

Во несреќата со полесни повреди се здобил и 74-годишен маж, кој бил возач на другиот автомобил. На местото на несреќата една жена била интубирана од екипите на итната помош, а поради тешката состојба во која се наоѓала веднаш била префрлена во болницата во Солун.

За спасувањето на девојките била потребна интервенција на Противпожарната служба, чии припадници со машина за сечење ги пресекле вратите на возилото и ги извлекле.

Сообраќајот на овој дел од патот бил во прекин се додека повредените со возило на Брза помош не биле пренесени во болница, а возилата биле преместени покрај патот. Сообраќајната полиција на Верија ги истражува причините за несреќата.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: