Убил седум членови од своето семејство, меѓу кои пет деца и се самоубил! Детали за масакрот што ја потресе цела држава

Полицијата во Јута соопшти дека Мајкл Хајт (42) убил седум членови од своето семејство, а потоа извршил самоубиство.

Тој ги убил своите пет деца, на возраст од 4 до 17 години, а потоа и себеси, соопштија локалните власти во Енох Сити.

Сопругата на човекот кој ги изврши убиствата поднела барање за развод непосредно пред Божиќ, јавува Би-Би-Си. Осумчлено семејство е пронајдено мртво во нивниот дом во средата навечер. Наведено е дека Мајкл Хајт, кој ги убил сопругата Тауша Хит (40) и нејзината мајка Гејл Ерл (78), како и нивните деца – три девојчиња на 17, 12 и седум години и две момчиња на возраст седум и четири години.

Градоначалникот на Енох Сити, Роб Дотсон, рече дека полицијата ги открила телата во средата попладне, откако беше пријавено дека Тауша Хајт пропуштила состанок. Официјалните лица исто така потврдија дека таа поднела барање за развод на 21 декември. Енох Сити е град со околу 8.000 жители во југозападниот дел на Јута, околу 400 километри јужно од Солт Лејк Сити.

Градоначалникот додаде и дека заедницата е потресена од настанот.

„Многу од нас отидоа на црковни служби со нив во заедницата, децата одеа на училиште со нив“, рече Дотсон во видео изјаватА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.