Кривичниот суд донел одлука за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“.
Димковски сега ќе се брани од слобода, а претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот.
Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.