(Видео) Шокантна бројка: 20 до 30 илјади евра се потребни за еден ден функционирање на Собранието!

Собранието за еден ден функционирање троши од 20 до 30 илјади евра, објаснува во денешната епизода на “Ташеки муабети“ пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ.

– Патните трошоци се најстрого контролирани, единствено манипулација може да се направи со комисиите. Но се друго е најстрого контролирано. Е сега за собранието да функционира за еден ден се потребни 20 до 30 илјади евра. Ако има, како што имаше активна блокада, наместо еден ден нешто да трае пет дена, тоа е на грбот на народот, објаснува Коциќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: