(Видео)Пожарот „префрли“ кон куќите во Баирот во Битола!

Огнената стихија продолжува да се шири во Битола, а во моментов пожарот се рашири и кон населбата Баир во Битола, под тунелот на обиколницата на влезот од правец на Ресен.

Претходно пожарот го зафати ридот над Битола за кој Стојанче Ангелов од ЦУК тврдеше дека е „делумно ставен под контрола“.
Дополнително, денес врз пожарот во два наврати делуваше и хрватскиот „ер-трактор“.

Пронајдете не на следниве мрежи: