Каква коса и да имате, не смеете да ја миете секој ден.
Тенка, права коса
Можеби изгледа лесна за одржување, но тоа не е секогаш случај. На овој тип коса најлесно се приметува кога косата е мрсна. Не треба да ја миете секој ден, иако мислите дека тоа е неопходно. За косата дополнително да не се оштети, пожелно е да се мие на два или на три дена. Исто така, пожелно е да се користи шампон за суво миење.
Густа коса
На овој тип на коса маснотијата е многу помалку видлива. Овој тип на коса најлесно се одржува, така што мијте ја еднаш или двапати неделно.
Виткана или кадрава коса
На виткана или кадрава коса тешко се гледа дали косата е мрсна, но тоа не значи дека не треба редовно да се мие. Се препорачува миење два до три пати неделно, а на тој начин и локните ќе ја задржат својата форма.
Оштетена коса
Кога косата е оштетена поради постојано фенирање, пеглање или фарбање, таа станува кршлива. Ваквата коса треба да се мие на секои два до три дена, а за хидратација треба да се користат растителни масла.
Мрсна коса
Многумина се борат со овој проблем. Ваквата коса не смеете да ја миете секој ден, мијте ја барем секој втор ден, за да не добие дополнително мастило.