Видови риби што се најздрави за консумирање

Поради изобилството на омега-3 масни киселини и многуте хранливи материи, морската храна е одличен извор на здрави протеини, но не сите риби се подеднакво здрави. Придобивките од јадењето морски плодови се добро познати, особено кога станува збор за врската помеѓу омега-3 масните киселини и здравјето на срцето, а неодамнешните истражувањата покажаа дека консумирањето морски плодови исто така може да влијае и на здравјето на мозокот.
Видови риби што се најздрави за консумирање
Иако повеќето луѓе се свесни за придобивките од консумирањето морска храна и риби, многумина не знаат како да ја изберат вистинската и најквалитетната храна, а ова се најздравите видови риби.
Лосос


Лососот е ароматична риба богата со здрави омега-3 масни киселини. Лососот е исто така добар извор на витамин Д кој е важен за коските. Бидејќи не е лесно да се најде витамин Д кој природно се наоѓа во храната, тој е одличен избор за повеќето луѓе.
Без разлика дали сакате да правите скара или ќе го печете лососот во рерна, оваа мрсна риба може да се комбинира со различни сосови и постојат повеќе начини на подготовка.
Туна


Туната е корисна за здравјето на срцето. Покрај тоа што содржи омега-3 масни киселини, туната е богата и со нијацин (витамин Б3) кој помага во намалувањето на нивото на холестерол.
Иако свежите парчиња туна се прилично скапи, конзервираната туна е евтин начин да имате доволно залихи на протеини во текот на целата година. Туната конзервирана во вода содржи околу 73 калории и 0,8 грама масти во една порција од приближно 85 грама, додека истата количина туна конзервирана во масло содржи 168 калории и 7 грама масти.


Бакалар
Оваа риба има благ вкус и белото месо е добар извор на протеини, како и на витамин Б12, при што една порција содржи нешто повеќе од 30 % од препорачаната дневна доза на овој витамин. Бакаларот е како празно сликарско платно и може да се комбинира со кој било сос, без разлика дали сакате цитрусна маринада или кремаст сос.
Сардини
Ако не ги отстраните коските од сардините и ако ги јадете, вашите коски ќе ви бидат благодарни бидејќи на тој начин внесувате околу 40 % од препорачаната дневна доза калциум само со еден оброк. Покрај тоа, овие риби се одличен извор на витамин Б12, селен и фосфор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.