Виенски шницли со помфрит и холандски сос

Шницлите направени на виенски начин се познат рецепт и гарантирано јадење за совршено гастрономско уживање. Подготовката не бара многу време, а јадењето е вистински деликатес.

Ова јадење спаѓа во најевтините главни јадења и е познато ширум светот. Не постои хотел на чие мени не се наведени ваквите шницли.
Традиционалниот избор на месо за овој рецепт е телешко, но многумина го прават и со друго месо.
Најчесто се служат со варен ориз и тартар сос, но нема да зажалите доколку го пробате овој рецепт.

Потребни состојки:
700 гр јунешко месо
4 јајца
брашно
презла
масло
сол
бибер
компири
За сосот:

3 жолчки
½ чаша стопен путер
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка сенф
1/4 лажичка сол
прстофат црвена пипер

Подготовка:
Месото исечете го на шницли со тоа што краевите благо ќе ги засечете. Потоа измијте ги парчињата и убаво исчукајте ги со чекан за месо. Посолете и побиберете ги на двете страни и оставете да отстојат некое време.
Во меѓувреме изматете ги јајцата и посолете. Загрејте масло во тава, а шницлите валкајте ги во брашно и во јајцата. Потоа месото валкајте го и во презлата, убаво од двете страни, па истресете го вишокот. Ставете ги во тавата со загреано масло и пржете на средна температура. Кога месото ќе зарумени, превртете на другата страна. Испржените шницли ставете ги на салветки за се отстрани вишокот на маснотии.
Растопете го путерот (ако имате микробранова, доволна е 1 минута). Изматете ги жолчките, сокот од лимон, сенфот и црвената пипер – ако имате блендер пожелно е со него за само 5 секунди. Додека работи блендерот полека турајте го жешкиот путер.

Помфритот знаете како се прави.
Со виенските шницли можете да послужите и варен ориз и освежувачки тартар сос, но може да се служат и со компир салата и сос од спанаќ. Сите варијанти се применуваат и се горе-доле подеднакво вкусни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.