По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската православна црква и 33-годишнината од хиротонијата за епископ, Скопската православна епархија викендов организира низа манифестации.
Денеска во црквата „Раѓање на свети Јован Крстител” – Бутел ќе се одржи вечерна богослужба и осветување на новата крстилница на црквата, а во МАНУ ќе бидат промовирани првите два тома од делото „Слова за Словото” на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чии промотори ќе бидат академик Витомир Митевски и професор Ѓоко Ѓорѓевски.
Утре, пак, ќе има света литургија и осветување на црквата „Раѓање на свети Јован Крстител” во Бутел, соопшти Скопската православна епархија.