Потпретседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартоломеу, во четвртокот, изјавил дека Тито Виланова и следната сезона ќе биде тренер на каталонскиот фудбалски гигант.„Тито и следната сезона ќе ја предводи Барселона. Покрај тоа што тој има договор со клубот, ние веруваме во него, бидејќи заврши голема работа“, рекол во интервју за радиостаницата „Елс Матинс де Каталуња“, Бартоломеу, дополнувајќи дека изминатиот период за Виланова „бил тежок на сите полиња“.Бартоломеу не смета дека дебаклот на Барселона во Минхен, практично значи и елиминација од Лигата на шампиони.„Примарна цел оваа сезона беше титулата во Примера. Тој успех потврдува дека добро работиме и ни гарантира добра иднина. Што се однесува до Лигата на шампиони, ќе биде тешко, но ние имаме способност да приредиме изненадување. Се е можно. реал исто така верува дека може да се раваншира, па мора и ние да се надеваме дека можеме да играме во финалето. Овие играчи можат се, тие се вонсериски“, рекол Бартоломеу.Барселона реваншот против Баерн на „Ноу Камп“ ќе го одигра на 1.мај, ден предходно во Мадрид ќе играат Реал и Борусија.
Maкфакс Потпретседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартоломеу, во четвртокот, изјавил дека Тито Виланова и следната сез