Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе биде капитен на Бразил на пријателскиот натпревар со Шпанија, пренесува „Глобо Еспорте“.
Средбата која ќе се одржи вечер од 21:30 часот во Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде посветена на борбата против расизмот.
Вчера, Винисиус пушти солзи на прес-конференција откако беше прашан за дискриминација.
Претходно, крилниот напаѓач постојано беше подложен на расистички напади од навивачите на противничките тимови за време на натпреварите од шпанското првенство.
Пред десет дена на натпреварот со Реал, навивачите на Осасуна скандираа „Умри Винисиус“.